Најмалку 100 луѓе загинаа во поплави во централна и јужна Нигерија, соопшти Агенцијата за вонредни ситуации.

- Според сегашните информации, 100 луѓе загинаа во 10 држави, изјави Сани Дати, портпарол на таа агенција.

Поплавите се случуваат по поројните дождови кои врнеа во изминатите неколку денови. Вонредна ситуација е прогласена во четири држави во Нигерија. Стотици илјади луѓе останаа без домови поради поплавите во изминатите неколку години што ја погодија Нигерија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 10:26