Админстрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го намали до 30.000 бројот на бегалци на кои ќе им биде дозволено да влезат во САД во 2019 година.

Ограничувањето беше објавено и покрај апелите на глобални хуманитарни организации дека претходно објавениот максимум од 45.000 бегалци е многу низок.

Максимумот од 30.000 бегалци за следната фискална година што почнува на 1 октомври, беше објавен од државниот секретар Мајк Помпео.

Во последната година од власта на претседателот Барак Обама во САД беа прифатени 85.000 бегалци.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 10:36