Европската мрежа на судски совети го суспендираше членството на националниот судски совет на Полска, што именува судии, а како причина е наведено ослабувањето на независноста на полскиот судски огранок.

– Екстремните околности го направија тој чекор потребен, соопшти Европската мрежа на судски совети, изразувајќи жалење поради тоа.

Полската владејачка Партија на правото и правда, во изминатите три години усвои закони, кои на тоа тело му даваат нови овластувања во однос на судскиот систем, а новото законодавство принуди многумина судии од Врховниот суд да се пензионираат предвреме.

Полска е една од основачите на Европската мрежа на судски совети.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 10:37