Шест милиони деца во светот на возраст до 15 години починале минатата година од болести кои можеле да бидат спречени или компликации. Бројката е речиси половина пониска во споредба со смртните случаи во 2000-та година, се наведува во најновиот извештај на УНИЦЕФ.

Во 2000-та година 11,2 милиони деца под 15 години починале од болести што можеле да бидат спречени, од неухранетост, недостиг на чиста вода или при раѓање, јави ДПА.

Во 2017 година таа цифра е 6,3 милиони и тоа означува дека едно дете на возраст под 15 години умирало на секои пет секунди, соопшти УНИЦЕФ.

Повеќето смртни случаи лани (5,4 милиони) биле деца под петгодишна возраст.

- Постигнавме добар напредок во спасувањето деца од 1990 година кога 12,6 милиони деца на возраст под пет години умираа во светот од причини што можеле да бидат надминати. Но милиони деца се уште умираат заради тоа и поради местото во кое се родени, изјави Лоуранс Шанди директор на Одделот за истражување во УНИЦЕФ.

- Со едноставни решенија како лекови, чиста вода, струја и вакцини можеме да ја смениме реалноста за секое дете, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2018 11:01