Ултрадесничарската Алтернатива за Германија (АфД) првпат е втора најпопуларна партија во Германија, покажуваат резултатите од најновата анкета на германскиот јавен медиумски сервис АРД.

АфД има поддршка дури од 18 отсто од гласачите и е пред Социјалдемократската партија (СДП), а најголем рејтинг и натаму има конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.

АфД која на изборите во септември минатата година освои 12,6 проценти од гласовите, сега ја поддржуваат 18 отсто од граѓаните, што е за еден процент повеќе од владејачката СДП, која е малцинска партија во власта.

Конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ, кој е на власт од 2005 година, бележи пат од еден отсто и има поддршка од 28 проценти, што е најлош резултат од 1997 година, од кога се спроведува анкетата на „Дојчландтренд“.

На четврто место се Зелените со 15 отсто поддршка, а потоа следи Левицата со 10 проценти и Либералите со девет отсто поддршка.

АфД е формирана во 2013 година и беше против еврото како единствена европска валута. Оттогаш еволуира во десничарска и антиимигрантска партија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 14:26