Папата Франциско денеска ги прифати оставките на двајца бискупи од Чиле, каде исто така се истражуваат случаи на сексуално малтретирање на малолетници.

Се работи за бискупот Карлос Едуардо Пелегрин Барера и бискупот Кристијан Енрике Контрерас Молина. Двајцата се обвинети за сексуално малтретирање извршено пред повеќе децении. Досега Франциско, кој е првиот јужноамерикански папа, прифати оставки на вкупно седум бискупи од Чиле.

Католичката црква на повеќе континенти е зафатена од сексуални скандали, во кои дел од кардиналите го обвинија и папата Франциско дека знаел за малтретирањето, но не сторил ништо да ги спречи извршителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2018 19:04