Торнадо предизвика сериозна материјална штета во канадскиот главен град Отава, јавија локалните медиуми.

Триесет лица се повредени, од кои пет се во потешка здравствена состојба.

Десетици куќи и станбени објекти претрпеа штета, автомобили се уништени, а над 130.000 луѓе останаа без електрична енергија.

Торнадото беснееше во Отава вчера, доцна попладне.

Брзината на ветерот достигна околу 200 километри на час.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 12:38