Бројот на жртвите од ураганот Фиренца во САД достигна 43, соопштија властите, пренесува БТА.

Претходните извештаи посочуваа дека во ураганот загинале 41 лица.

Најголемиот дел од жртвите, 32, се во Северна Каролина. Ураганот сериозно ги погоди и Јужна Каролина и Вирџинија.

Агенцијата „Мудис Аналитикс“ ја проценува штетата од природната катастрофа од 38 милијарди долари до 50 милијарди долари, објави „Волсттрит џурнал“.

Се очекува дека поради Флоренс ќе биде исплатено осигурување во висина меѓу 1,7 милијарди долари и пет милијарди долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/09/2018 13:05