Американскиот заменик-државен обвинител Род Розенстајн минатата година сугерирал тајно снимање на претседателот Доналд Трамп со цел јавноста да дознае за хаосот во Белата куќа. Весникот наведува дека тој предложил членови на кабинетот на Трамп да бидат ангажирани, повикувајќи се на Уставот, да го отстранат од функцијата.
- Приказната на „Њујорк Тајмс“ е неточна и непрецизна во фактите. Немам коментар на приказна заснована на анонимни извори, кои очигледно се пристрасни против Министерството за правда и туркаа лична агенда. Но, да бидам јасен: Врз основа на мојот личен однос со претседателот, нема основа за повикување на 25-от амандман од Уставот, наведе Розенстајн.
Со тој амандман се пропишува дека претседателот може да биде прогласен за „неспособен да извршува овластувања и да ја извршува претседателската должност“, врз основа на изјаснувања на потпретседателот и мнозинството членови на Кабинетот.