Расфрлан отров во расечени виршли се забележани на улицата Марко Орешковиќ во Кисела Вода, пренесува Телевизија Сител.

Во изминатиот период здружението за заштита на животни Анима Мунди предупредуваше за расфрлан отров на повеќе локации низ Скопје а беа отруени и неколку кучиња и мачиња.

По неколкумесечно притајување, повторно излегоа трујачите на животни, кои со расфрлувањето на отровот го загрозуваат и здравјето на луѓето.

Отров во расечени виршли расфрлан низ Кисела Вода


Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2018 13:21