Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е избран во идеалниот тим на 3. коло во Лигата на шампионите.

Русинот постигна пет гола на саботното гостување кај Веспрем (27:25) и беше еден од најзабележителните во составот на „црвено-црните".

Покрај него ЕХФ во идеалниот тим на колото ги смести и:

голман – Родриго Коралес (ПСЖ), лев бек – Николај Маркусен (Силкеборг), среден бек – Јака Малуш (Цеље), десен бек – Алекс Душебаев (Киелце), десно крило – Марио Шоштариќ (ПИК Сегед) пивотмен – Лука Карабатиќ (ПСЖ).



Автор: Администратор
Објавено на: 01/10/2018 11:28