Селекторот на Франција, Дидие Дешам, смета дека печатот го преувеличува конфликтот меѓу играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и тренерот на тимот, Жозе Мурињо.

Според Дешам, Погба игра на високо ниво и нема потреба за загриженост околу неговата форма.

- Мислам дека конфликтот меѓу Погба и Мурињо беше надуван. Видов колку добро Погба играше на последниот натпревар. Мислам дека и Мурињо го виде истото. Погба нема проблем. Но, не сакам да се мешам во односот меѓу фудбалерот и тренерот, изјави Дешам.

Франција е актуелен светски шампион, победувајќи на Мудијалот што ова лето се одржа во Русија.

„Триколорите“ в четврток (11 октомври) ќе одиграат пријателски натпревар со Исланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2018 11:18