Голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски потврди дека во текот на летото има добиено повеќе понуди. По крајот на сезоната, неговиот агент откри дека напаѓачот сакал да ја напушти „Алијанц арена“ поради недостаток на поддршка од раководството. Полјакот беше несреќен, дека на крајот на кампањата бил посочуван за виновник за раната елиминација во Лигата на шампионите. На крајот, сепак, Лева остана во тимот. - Не сум разочаран што не заминав. Но, кога почувствував поинаков став од клубот кон мене, одлучив отворено да го кажам тоа. Сакав да демонстрирам дека ако нешто не ми се допаѓа, можам и да си заминам, изјави Левандовски за полското издание на „Спортски факти“ (Sportowe Fakty). На него му било загарантирано дека ќе биде меѓу најважните играчи и се откажал од неговите планови за пакување на багажот. Но, тој исто така бил свесен дека клубот тешко ќе го продаде. - Знаев дека каква понуда ќе пристигне, одговорот од Баерн ќе биде „Не, не, не“. Само сакав да го изразам своето незадоволство. Останувам тука и повторно се борам за да ги постигнам највисоките цели, увери 30-годишниот фудбалер



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2018 16:55