Германската канцеларка Ангела Меркел моменталната состојба околу преговорите за Брегзит ја нарече „квадратура на кругот“, изјавија анонимни извори блиски до Меркел.

Како што јавуваат медиумите, канцеларката го прокоментирала тоа за време на состанокот на парламентарната група на Христијанско-демократската унија.

Меркел смета дека е јасно оти меѓу Северна Ирска и Република Ирска мора да постои некој вид граница, но наведува дека Германија и ЕУ не се залагаат за „цврста“ граница.

Проблемот со ирската граница е еден од главните во моменталната фаза на преговорите за Брегзит.

Во Брисел утре се одржува самит на лидерите на ЕУ на кој претставници на државите членки на ЕУ ќе разговараат за Брегзит.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2018 22:44