Ако се земе во предвид наједноставната дефиниција за карма во која кармата е ознака за принцип на акција и реакција каде што човекот (суштество) пати од сопствените дела, тогаш деновиве дефинитивно Телевизија Телма ја следи лоша карма.
На социјалните мрежи се појави фото - известување до вработените во Телевизија Телма во кој им се забранува да коментираат и да изнесуваат ставови на социјалните мрежи фејсбук и твитер бидејќи истите ќе се сметаат како официјален став на телевизијата. Доколку вработените сакаат да искоментираат нешто, да дадат свое мислење или анализа на своите приватни и лични профили за тоа ќе мора да добијат одобрување од уредничкиот колегиум на Телма. Известувањето е потпишано од Главниот и одговорен уредник Атанас Кировски.
Заклучокот од ова демократско известување во склад со европските вредности, слободата на изразување и независното новинарство ќе ви го оставиме на вас, читателите, а во меѓувреме ќе потсетиме на герила акцијата на Телевизија Телма со црвениот телефон кој беше синоним за одбивање на наредби и нарачани прилози и коментари од политичките елити во Република Македонија.
Разликата е во тоа што тогаш владееше режим а денес имаме демократија!