Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе ја посети Турција по посетата на Саудиска Арабија, со фокус на прашањето за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги.

Турското Министерството за надворешни работи соопшти дека Помпео ќе има „работна посета" во Турција, без да го споменува случајот со исчезнатиот ​​Кашоги.

Саудискиот новинар исчезна на 2 октомври, по влегувањето во саудиското конзулат во Истанбул, за да добие документи за венчавка. Постои сомневања дека Хашоги, дописник за „Вашингтон пост“ и критички настроен кон власта во Ријад, може да е убиен во конзулатот.

Посетата на Помпео ќе биде посветена на билатералните односи, Сирија, регионални и меѓународни прашања, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека Помпео „ќе ја информира" Турција за разговорите со Ријад.

Помпео беше испратен од претседателот Доналд Трамп во Ријад поради случајот со исчезнатиот саудиски новинар.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 09:11