Саудиските лидери нема да исклучат никого од истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео по разговорите во Ријад.

Саудиските лидери ветија дека ќе бараат сметка од секој кој, според истрагата, должи објаснувања. Тоа го нагласи Помпео пред новинари пред да замине од Ријад за Анкара.

Запрашан дали таа обврска важи и за претставниците на кралското семејство во Саудиска Арабија, државниот секретар одговори дека саудиските власти јасно навеле дека нема да направат никакви исклучоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 09:18