Европскиот центар за кибер криминал, Европската банкарска федерација и нивните партнери од државниот и приватниот сектор денеска почнаа информативна кампања како дел од Европскиот месец за кибер безбедност.

Во текот на наредната недела, органите за спроведување на законот од сите 28 земји-членки на ЕУ, пет земји кои не се членки на ЕУ (Колумбија, Лихтенштајн, Норвешка, Швајцарија и Украина), 24 национални банкарски здруженија, финансиски институции и други ангажирани учесници за справување со компјутерски криминал, ќе се обединат за зголемување на свеста за борба против овој криминален феномен.

Материјалите за кампањата се достапни на 27 јазици и вклучуваат информации за најчестите онлајн финансиски измами и совети за тоа како да се заштитат луѓето.

Европскиот месец за кибер безбедност е информативна кампања на ЕУ која ја промовира кибер безбедноста на граѓаните и организациите, притоа укажувајќи на лесни чекори за заштита на лични, финансиски и професионални податоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 15:13