Турција од денеска воведува дополнителни царински давачки за увоз на челик со цел да ги заштити своите производители.

Одлуката е објавена во турскиот Службен весник на 2 октомври.

Во документот се наведува дека измените ќе стапат на сила на 15-от ден од објавувањето во Службниот весник, односно на 17 октомври.

Турција ја информираше Светската трговска организација (СТО) за измените на 8 октомври. Во писмото на Анкара до СТО стои дека причината за овие чекори се мерките усвоени од страна на повеќе земји членки на Организацијата кон Турција.

Анкара ја информираше СТО и за воведување нови квоти и дополнителни царини за разни видови производи од челик.

Турција воведува нови квоти и дополнителни давачки како резултат на трговскиот спор со САД, кои воведоа царини за увоз на челик и алуминиум од повеќе земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 15:16