Групи демонстранти ги нападнаа женските новинари и ги принудија женските верници да се повлечат откако древен храм во Индија денеска по првпат ги отвори вратите за жените во полова зрелост. Храмот Сабаримала, посветен на богот Ајапа со векови ги ограничуваше жените од возрасната група од 10 до 50 (возраст во која жените имаат менструација) да влезат во внатрешноста на светилиштето, бидејќи се верува дека тоа ќе го вознемири богот на целибатот.

Индискиот Врховен суд на 28 септември пресуди дека оваа практика од властите на храмот била неуставна, по што храмот денеска го отвори вратите за жените на сите возрасти, јави ДПА.

Стотици приврзаници се упатија до оддалечениот храм, но немаше жени од возрасната група од 10 до 50 меѓу оние што стигнаа до вратите. Женските верници и женските новинари беа запрени од групи лути демонстранти и членови на екстремистички хинду групи, кои ги принудија да се вратат во кампот од каде што аџиите патуваат околу два до три часа до храмот.

Храмот Сабаримала е отворен само одредени денови од месецот и околу 127 дена во годината. Во моментов, во него може да се влезе до понеделник.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 17:12