Финскиот Парламент денеска и изгласа доверба на Владата на десниот центар на премиерот Јуха Сипила.
„За“ доверба на Владата се изјаснија 101 пратеник, додека 73 гласаа „против“.
Иницијативата за гласање доверба на Владата на Сипила беше покрената поради нејзините планови за зголемување на вработеноста преку намалување на правата на работиниците во случај на отказ.
За време на гласањето по иницијативата, пред Парламентот во Хелсинки се одржуваа протести во организација на синдикатите, кои се противат на новите владини планови.
Претставик на синдикатите изјави дека тие нема да се откажат од противењето на планот и ќе продолжат со органиизрање протести.