Методот „тајно сместување“ е нов начин кој мигрантите во последно време го користат за бегство од Турција кон Бугарија и Европа.

Според податоците на Дирекцијата за безбедност во пограничниот град Едрене, тимовите откриле група илегални мигранти кои се криеле во изнајмен стан.

При рутинска проверка околу четири часот наутро полициските екипи забележале на улицата група луѓе во една од населбите на градот. Откако сакале да ги застанат за нивна идентификација тие почнале да бегаат. Сепак, полицијата открила дека се кријат во стан и ги уапсила.

Групата ја сочинувале 20 мигранти од Сирија, од Авганистан и од Мароко, кои биле без документи. Тие се криеле во двособен стан кој го изнајмиле се додека да начекаат погоден момент за нелегално да ја преминат турската граница кон Бугарија или Грција.

При распит во полицијата тие признале дека стигнале до Измир по морски пат, а оттаму со минибус до Едрене, каде се сместиле во изнајмен стан.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 17:20