Специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Сирија, Стафан де Мистура денеска го извести Советот за безбедност на Светската организација дека по „четири години и четири месеци“ мандат, кон крајот на следниот месец ќе ја напушти функцијата „од лични причини“.

Де Мистура најави дека следната недела, на покана на сириските власти, ќе престојува во Дамаск, за да побара формирање комисија задолжена за изготвување нов устав на Сирија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2018 17:25