Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за мрежата Си-Би-Ес изјави дека спречил војна помеѓу САД и Северна Кореја, како и дека Кина е поголема закана за САД отколку Русија.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Трамп ова го изјави гостувајќи во шоуто „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес, која е една од најгледаните контактни емисии во САД, на точно три недели пред конгресните избори на 6 ноември,
Во интервјуто Трамп потенцира дека САД и Северна Кореја досега ќе биделе во војна, доколку тој не реагирал да ја спречи.
Тој истакна и дека Кина претставува многу посериозна закана за изборите во САД, отколку Русија.
Администрацијата на Трамп неколкупати досега го обвини Пекинг за наводни обиди да влијание врз изборните процеси во САД, иако за тоа не беа изнесени докази.
Ваквите обвинување не го поддржуваат ниту американските експрти по кибер бебзедност. Така, техничкиот директор на компанијата „ФајрАј“, Рон Бушар, истакна дека неговата компанија редовно ги следи нападите од територијата на Кина, кои обично се насочени кон комерцијални цели, но дека досега не регистрирала напади по „политичка линија“.
Во врска со прашањето за климатските промени, Трамп се повлече од неговите претходни тврдења и сега укажа дека „нешто се случува“.
- Не ги негирам климатските промени, изјави Трамп, сепак додавајќи дека глобалното затоплување е краткотраен феномен.
Американски експерти лани во национален извештај, поддржан и од Белата куќа, утврдија дека климатските промени се неповратен процес и дека ќе се случуваат постојано.