Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од земјата е протерана албанската дражавјанка Арта Кацабуни (44) која претходно била осудена за регрутирање жени за терористичката Исламска држава.

Таа е сестра на Баки Цоку со кого беа уапсени во рамки на акцијата „Мартеса“ (брак) спроведена во јули 2015 година.

Во акцијата беше разбиена италијанско-албанска терористичка ќелија, која своја база имала во Италија и беа уаспени десет лица под обвинение за учество и организирање активности за меѓународен тероризам.

Двајца од нив, Албанецот Алдо Кобузи и неговата сопруга Италијанката Марија Џулиа Сергио, позната како „џихадистичката дама“, се бараат со меѓународна потерница и според тајните служби тие се наоѓаат во редовите на ИД во Сирија.

Протераната Арта Кацабуни е тетка на џихадистот Кобузи. Осудена е на три години и осум месеци, а пред два дена завршила со издржување на затворската казна.

Министерот за внатрешни работи Матео Салвини потпишал наредба и таа вчера попладне е протерана со образложение дека е опасна личност по нацоналаната безбедност на Италија. Во придружба на италјански агенти за антитероризам од аеродромот во Рим со редовен лет е депортирана во Албанија.

Таа во Италија живее од 2003 година заедно со нејзнот брат Баки Цоко, кој исто така беше уапсен во акцијата „Мартеса“. Осуден беше на две години и осум месеци, по што беше протеран од Италија.

Италијанското МВР информраше дека од јануари годинава протерани од земјата се 104 лица бидејќи претставувале опасност по безбедноста на Италија. Од 2015 година досега протерани се 341 лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 09:14