Терористичката група Исламска држава (ИД) држи како заложници повеќе од 700 луѓе во сирискиот регион Деир ез Зор.

Меѓу нив има и државјани на земји од западна Европа и други држави, соопштија воени дипломатски извори.

Според истите извори, терористите нападнале бегалски камп во област под контрола на коалициските сили, предводени од САД.

- Екстремистите на ИД на 13 октомври извршија напад врз бегалски камп кој се наоѓа во близина на местото Ал Бахра. Тие земале заложници и пренеле околу 130 арапски семејства во градот Хаџин, кој е под нивна контрола, тврди дипломатскиот извор.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 09:20