Речиси 300 припадници на сириските „Бели шлемови“, кои избегаа од Сирија во Јордан пред три месеци, сега заминуваат за распоредување во западните земји, информираат извори од јорданското Министерство за надворешни работи.
Во јули, спасувачите, бегајќи од сириските провладини сили поддржани од Москва, навлегоа во Голанската висорамнина, окупирана од Израел, и со помош на израелските војници и западните сили стигнаа во Јордан.
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху тогаш рече дека по молба на американскиот претседател Доналд Трамп и други лидери помогнал за евакуација и оти имало опасност по животот на спасувачите.
Јордан ги прими откако доби гаранции дека престојот ќе им биде привремен и оти ќе им биде дадено засолниште во Канада, Германија и Велика Британија, рекоа јордански претставници.
„Белите шлемови“, познати како сириска цивилна заштита, учествуваа во спасување на илјадници луѓе од областите кои беа окупирани од бунтовниците за време на бомбардирањето на сириската влада и руските трупи за време на граѓанска војна во земјата.
Членовите на организацијата велат дека се неутрални. Сирискиот претседател Башар ал- Асад и неговите поддржувачи ги сметаат за инструмент на западните пропаганди и исламистичките бунтовници.