На вчерашниот предсамит на Европската Народна Партија, шефовите на држави и влади и шефовите на партии членки на најголемата европска партија разговарале за исклучувањето на партијата на Виктор Орбан од нивните редови.

На прес конференцијата што се одржа непосредно пред оваа дискусија, новинарка од шпанската агенција, го праша претседателот Жозеф Дол денеска ќе се донесе одлука за исклучување на Фидес“.

На тоа претседателот одговори:

-Тоа прашање ми е при срце. Колку повеќе пишувате за ЕПП тоа подобро, тоа го научив од татко ми, што повеќе се збори за нешто, во добро или лошо, тоа подобро. Шала на страна сега. Прво, имаме правила на ниво на статутите, а првпат ги разговаравме во Салцбург. И ги цитирам правилата: треба седум партии членки од пет земји членки, значи писмо од седум партии од пет различни земји, тоа се правилата на статутот кои јас како претседател морам да ги почитувам. Бидејќи барам правна држава морам истото да го правам и јас. Можам денеска да ви кажам дека немам прв збор од прво писмо. Значи денеска на Самитот нема да зборуваме за ова. Да биде јасно. На Самитот ќе имаме дискусија, во рамки на семејството, за тоа што се случува и односот на Виктор Орбан. И тоа ќе биде дискусијата во нашето семејство. Сите шефови на држави и влади и сите шефови на партии се поканети денеска и ќе разговараме и ќе имаме сериозна дискусија со Орбан. Да ви кажам веднаш не можам денеска да го исклучам затоа што не сум добил ниедно писмо. А по дискусијата денеска, ќе видиме како партиите ќе реагираат на дискусијата. Тоа можам да кажам, предизвикувам дискусија, шефовите на партиите тоа го побараа и ќе имаме вистинска дискусија со Виктор Орбан денеска, рече Жозеф Дол.

Како што е обичај, Дол потоа својот одговор го објави на Твитер бидејќи дебатата околу исклучувањето на Фидес е актуелна за медиумите.

Како што е јасно од видео преносот на прес конференцијата, одговорот за исклучување од ЕПП се однесува на Фидес, а во ниту еден контекст не станува збор за исклучување на ВМРО-ДПМНЕ од семејството на сестринските партии во ЕПП.

ВМРО ДПМНЕ никаде не е споменато, ниту пак неговите членови вчера присуствувале на Самитот на Европската Народна Партија во Брисел.

Твитот на Жозеф Дол во ниеден случај не може да се протолкува како демант на информациите објавени на МИА пред една недела, кои впрочем се проверени и снимени. Значи, станува збор за два сосема различни настани, наменети за две различни партии-Фидес, на Виктор Орбан и ВМРО-ДПМНЕ, но за иста тема. Што значи дека едната изјава не ја демантира другата. За двата настани, МИА располага со снимени изјави.

Оттука МИА смета дека писанијата на одредени медиуми против нашата агенција се шпекулативни и непроверени интерпретации.

Следи видеото од вчерашната прес конференција на претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, со прашањето на шпанската новинарка и неговиот одговор.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 12:30