Во Санкт Петербург денеска се измерени 16,6 степени Целзиусови, што е највисока измерена темепература на денешен датум од 1918 година, кога се измерени 15,2 степени.

Пред три дена во Санкт Петербург температурата на воздухот изнесуваше 18,6 степени, со што исто така е соборен рекордот за 15 октомври од 19 век.

Според руските метеоролози се очекува пад на температурите во Санкт Петербург, а следната недела можно е и да падне снег.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2018 15:07