Голем број граѓани, но и фирми, компании, здруженија, спортски клубови, институции се мобилизираат за активно учество во акцијата за собирање средства за лекување на 15-годишната Сара Настеска, која боледува од Anemia Aplastica, што може да се лекува со трансплантација на коскева срж.
Најавени се серија хуманитарни акции за собирање на 200-те илјади евра потребни за интервенцијата што би се спровела во Германија.
Веќе се организирани хуманитарни саеми во училишта во Охрид, козметички салони вршат шминкање, акции за собирање средства организираа и навивачката група „Рибари", Општинската организација на Црвениот крст, спортистите од градот.
Сите средства собрани од продажба на билетите за ракометното дерби Охрид – Струга што ќе се игра утре ќе бидат донирани за помош на Сара, исто како и фудбалскиот натпревар меѓу Охрид и Струга, прволигашкиот кошаркарски натпревар меѓу „АВ Охрид" и Куманово. Во акцијата се вклучија и организаторите на најмасовната спортска манифестација во градот „Охрид трчаТ" кои ќе делат стартни пакети за компаниите, институциите и сите што ќе донираат средства за помош на Сара.
Отворени се и трансакциски сметки за донации, телефонски линии за собирање средства преку мобилните оператори, како и профили за собирање средства преку социјалните мрежи.
200001557959672 – Горан Настески, Стопанска банка
143102 т-мобиле 143480 вип