Македонката Марија Богојевска е една од главните учесници во аферата која го потресе белгискиот фудбал. Во акцијата „Чисти раце“, која ја спроведе белгиската полиција и при која беа уапсени тренери, менаџер и други лица за вмешаност во перење пари, местење натпревари и финансиски малверзации, еден од главните актери е всушност Богојевска, пренесува порталот Спорт1.

Таа е девојка на еден од главните осомничени во аферата менаџерот Дејан Вељковиќ и „испрала“ два до три милиони евра за нејзиното момче, пишуваат белгиските медиуми.

Вељковиќ ја замолил Богојевска да отвори девизна сметка во банка во Белград за да и префрли пари. Овие пари менаџерот наводно сакал да ги сокрие од својата поранешна сопруга со која бил во разводна постапка. Македонката не се сомневала во намерите на нејзиниот дечко се до март оваа година, кога ја открила вистинската причина, зошто Вељковиќ и префрлил толку многу пари на сметка.

Таа при телефонски разговор и признала на својата мајка што прави Вељковиќ.

„Дејан ја користи мојата сметка да пере пари“, рекла Богојевска.

Со оглед на фактот дека белгиската полиција почнала да ги прислушкува телефонските разговори на сите вмешани во скандалот уште кон крајот на минатата година и телефонскиот број на Богојевска бил меѓу тие кои биле следени. Таа е приведена од белгиската полиција, бидејќи знаела за парите и не го пријавила делото. Засега таа е пуштена да се брани од слобода.

Марија Богојевска е поранешна сопруга на поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Илија Боцевски. Таа е единствената жена помеѓу осумината уапсени во ацкијата „Чисти раце“, што ја спроведе белгската полиција. Меѓу уапсените е и македонскиот менаџер Драган Силјановски.

Извор: Спорт1



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2018 00:09