Македонската Марија Богојевска е „шефицата“ за перење пари на српскиот менаџер Душан Вељковиќ, која е една од обвинетите во џиновската афера за финансиски малверзации, злосторничко здружување и местење на мечеви која ја потресе Белгија во изминатите две недели. Богојевска е една од двајцата македонски државјани кои се уапсени во Белгија, заедно со поранешниот фудбалер и актуелен менаџер Драган Силјановски – Вуко, пренесува порталот Спорт 1.
Богојевска е обвинета дека преку девизна сметка во Белград за својот дечко Вељковиќ испрала помеѓу два и три милиони евра, а во акцијата низ Србија во Белград и во Ниш, полицијата во соработка со јавните обвинителства на земјите вклучени во аферата, меѓу кои и македонското обвинителство биле запленети околу 800.000 евра на низа локации. Сите тие пари биле на Вељковиќ.