Професионалниот војник Мартин Богоевски кој на јавноста и стана познат по случувањата на Мечкин камен за време на оддржување на прославата за 2-ри август, во вторникот на 23-ти Октомври, пред споменикот на основачите на историското ВМРО, облечен во комитска облека ја побара својата девојка за животна сопатничка.

Сцената беше изрежирана во насока на одбележување на празникот и полагање на цвеќе пред споменикот, а по поклонувањето, Мартин извади прстен и клекна пред својата животна сопатничка.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 15:14