Претседателот на Челзи, Брус Бак е категоричен дека клубот ќе стори сé за да го задржи Еден Азари со нов договор на „Стемфорд Бриџ“.

Белгиецот е врзан со Челзи до 30 јуни 2020 година, а во оваа фаза тој одбива да го обнови својот договор со клубот.

Има сериозни стравувања дека Азар ќе одбие да го продолжи договорот, за да го принуди клубот да го продаде уште по крајот на оваа сезона.

– Секој фан на Челзи во Лондон и во светот го сака Еден. Тој не само што е одличен фудбалер, туку и е голем човек. Сакаме да остане кај нас и ќе направиме се што треба за да го примамиме да продолжи да биде тука, додаде претседателот на Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2018 18:37