Фудбалерот на Арсенал, Арон Рамзи, се најде во непријатна ситуација, откако клубот одлучи да ја повлече понудата за нов договор со него.

Тој истакна дека бил подготвен да го потпише новиот договор, но не знае зошто клубот се откажал од првичната намера.

– Во моментов немам никаква понуда. Претходната понуда за која се договаравме пред неколку седмици и која бев подготвен да ја потпишам е повлечена. Нешто се случи, но не знам што точно. Се надевам дека наскоро некој ќе ми ги објасни причините, наведе 27-годишниот фудбалер.

Рамзи нагласува дека во моментов е фокусиран на теренот и размислува само за играњето во Арсенал. Меѓутоа, неговото име се почесто се спомнува за трансфер во Манчестер јунајтед или Челзи, а се спомнува и Милан.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2018 12:19