Јувентус благодарение на головите на Кристијано Роналдо славеше со 1:2 на гостувањето кај Емполи.

Фудбалерите на Емполи одлично го започнаа натпреварот, а Франческо Капуто во 28-та минута донесе водство од 1:0.

Во второто полувреме Роналдо во 52-та минута прецизно реализираше пенал за израмнување 1:1, а во 70-та минута успеа да погоди за 1:2.

За Јувентус ова беше деветта победа сезонава, а актуелниот шампион се уште е без пораз сезонава во Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2018 11:23