Русија и Кина вчера одбија да гласаат за резолуцијата на Обединети нации со која Советот за безбедност сака да воведе санкции за сторителите на сексуално насилство во Либија.

Текстот предложен од Велика Британија прифатен е со 13 гласови, само Русија и Кина се изјаснија како воздржани.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја ги обвини Холандија и Шведска дека промовираат санкции за сторителите на сексуално насилство, бидејќи сакаат поени на домашната политичка сцена.

СБ на ОН претходно воведе критериуми за таквиот вид на санкции со неодамнешните резолуции за Централноафриканската Република и за Судан.

Претсатвници на ОН претходно предупредуваа дека криминалци и разни криумчари извршуваат кривични дела – сексуални напади и силувања, посебно по смената и убиството на долгогодишниот либиски лидер Моамер ел Гадафи во 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 13:49