Руската пацифичка флота одржа воена вежба во Источно Kинеско Mоре со цел да го совлада „одбивањето“ на воздушните напади, без отварање оган, изјави денеска портпаролот на флотата Николај Воскресењски.

– Руската пацифичка флота продолжи да ги решава задачите во азискиот дел на Пацификот. Во согласност со планот, бродовите одржаа воена вежба во Источно Кинеско Море за организирање ракетна одбрана, каде што вежбаа алгоритам за заеднички акции за одбивање на воздушниот напад на „непријателот“ без отварање оган, истакна Воскресењски.

Во воената вежба беа вклучени и разорувач Адмирал Пантелеев и хеликоптер за спасување Ка-27.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 13:49