Охридската полиција поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, кои минатиот месец ограбија старица во нејзиниот дом во Охрид каде привремено престојувале во изнајмена соба.

Станува збор за лицата О.Х.(18) и Ѓ.Д.(19), двајцата од Скопје. Тие кривичното дело го извршиле точно пред еден месец во куќата на оштетената Н.Д. (76) од Охрид каде биле сместени. Во текот на ноќта тие затропале на нејзината врата и откако оштетената им отворила, ја нападнале и го одзеле златниот ланец и обетките, како и шест илјади денари од нејзинатаб ташна.

Судија од претходна постапка од Основниот суд во Охрид на двајцата разбојници им одреди мерка притвор од 30 дена, а потоа се спроведени во Казнено-поправната установа „Затвор Охрид“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/11/2018 14:41