Евертон доби казна од Англиската фудбалска асоцијација за обид за неправилно привлекување на млад фудбалер. Клубот доби забрана да зема нови таленти (на возраст од 10-18 години) во своето училиште во период од две години и исто така е казнет со 500.000 фунти.

Ова е случај од 2016 година, кога извидници на Евертон направиле предлог до момче од Кардиф Сити, но тие немале право да го сторат тоа бидејќи детето било под постоечки договор. Понудата е момчето да оди во едно од училиштата со деца од школата на Евертон. Тоа би живеело во куќа, изнајмена од клубот, а му се нуделе и 600 фунти месечно за џепарлак.

По добивањето сигнал, од ФА ги потврдиле прекршоците и го казнија клубот од Ливерпул.

Евертон ја призна својата вина. Тие уверуваа дека не знаат за оваа пракса на скаутите и спроведоа паралелна истрага која идентификува уште шест такви случаи.

Детето за кое станува збор и чие име не е споменато, сега е во школата на Манчестер Јунајтед.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2018 23:50