Младиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен забележа најдобра обиколка за време на првата слободна тренинг сесија пред почетокот на Гран при на Бразил во Формула 1. Тој постигна време од 1:09.011 минути на 4.309 километри долгата траса во првиот тренинг пред трката на „Интерлагос“ .

Втор зад него беше Себастијан Фетел. Возачот на Ферари заостана зад Холанѓанецот со само 0,049 секунди.

Ново-стариот светски шампион Луис Хамилтон, исто така, покажа добро темпо, иако веќе за него нема интрига во шампионатот. Британскиот пилот на Мерцедес даде трето време, што беше 0.096 секунди зад она на победникот.

Веста од првата слободна тренинг сесија на „Интерлагос“ е дека другиот пилот на Ред Бул, Даниел Рикардо ќе стартува со пет места назад на стартната линија, откако беше казнет.

Санкцијата му беше наметната за шестата замена на компонента во моторот и тоа ќе го постави поназад на стартот в недела. Австралиецот, кој го напушта тимот по крајот на сезоната, практично не се бори за ништо.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2018 19:00