Роберт Кубица може да се врати во Формула 1 како пилот на Вилијамс, откако добил предлог од тимот.

Полјакот е во улога на резервен натпреварувач за тимот во оваа кампања, но има опција да го заземе второто место во тимот и да биде партнер на Џорџ Расел, откако Ленс Строл и Сергеј Сироткин се очекува да си заминат.

– Мислам дека сме блиску до решение. За неколку дена ќе одлучам што сакам да направам и во каква насока треба да тргнам. Како и да е, јас ќе направам нешто што ми се допаѓа, па дефинитивно сум во добра ситуација, рече Кубица.

Тој има предлог и од Ферари да стане резервен пилот на „скудерија“ на местото на Данил Квјат кој се враќа за Торо Росо во следната сезона и тоа исто така понуда, која треба да се разгледа.

– Секогаш сум велел дека како дете сите сонуваат еден ден да седнат во црвениот болид и јас бев блиску до тоа, но за жал поради несреќата не се случи. Од емоционална гледна точка, тоа дефинитивно би било убаво, додаде Полјакот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2018 12:24