Луис Хамилтон избегна евентуална казна поради ситуацијата меѓу него и Сергеј Сироткин во квалификациите за ГН на Бразил.

На истото место каде што Британецот го помина Тимо Глок пред десет години за да ја освои својата прва светска титула, тој сега го попречи болидот на Вилијамс. Хамилтон се обиде да се тргне од патот на Сирокин, но тој го одбра правецот, по кој Русинот реши да го избегне. Брзата реакција на Сергеј спречи несреќа меѓу двајцата.

По завршувањето на квалификациите, петкратниот светски шампион го обвини дебитантот на Вилијамс дека се вознемирува.

– Според моето знаење, никој зад мене не беше во брз круг. Јас намалив брзина за да го задржам растојанието со пилотот пред мене, и одеднашсе појави болид. Си реков, боже, некој во брза обиколка ли е, изјави Хамилтон по квалификациите.

По сведочењето, стјуардите откриле дека Сирокин не бил во брз круг, туку само се подготвувал за таков. Поради оваа причина, тие пресудиле дека Хамилтон не го попречил и нема причина да биде казнет.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2018 13:02