Стефанос Циципас го освои второто издание на АТП турнирот „Нова генерација“, кој се одржа во италијанскиот град Милано.
Во финалната средба Циципас победи со 2:4, 4:1, 4:3 (3), 4:3 (3) над Австралиецот Алекс де Минор, а средбата траеше 1 час и 45 минути.
Гркот, кој беше бр.1 во шемата, го загуби првиот сет, но потоа го стабилизира настапот и направи целосен пресврт, покажувајќи поцврсти нерви во двата тајбрејка во третиот и четвртиот сет.
Русинот Андреј Рубљов го освои третото место на турнирот, откако триумфираше над Шпанецот Хауме Мунар со 1:4, 4:3 (3), 2:4, 4:2, 4:3 (3).
Во турнирот „Следната генерација“ учествуваат осумте најдобро пласирани тенисери на АТП листата до 21 година, кои се натпреваруваа во формат три од пет сета во четири гема.