Светскиот шампион во полутешка категорија Александар Усик (16-0, 12 KO) го нокаутираше во крајот на осмата рунда Британецот Тони Белју (30-3-1, 20 KO).
Така галавечерта во „Манчестер Арена“ заврши на најспектакуларен можен начин, а гледачите останаа разочарани дека не видоа сензација и на крајот фаворитот го оправда својот статус и ги задржи сите четири појаси на светските федерации, како и онаа на списанието „Ринг“.
Белју пушти солзи по поразот и му честиташе на шампионот, а тоа е неговиот прв пораз во полутешка категорија и веројатно негов последен натпревар, но не е исклучено повторно да се бори за сериозен хонорар.