Јужноафриканецот Кевин Андерсон го имаше своето деби на финалниот турнир на АТП во Лондон со награден фонд од 8,5 милиони долари.

Андерсон, кој играше финале на „Вимблдон“ оваа година, го порази Доминик Тим (Австрија) 6:3, 7:6 (10) за час и 48 минути игра.

Андерсон направи брејк во четвртиот гем, што беше доволно за да го освои првиот сет. Во вториот дел, и двајцата беа перфектни на своите сервис гемови, а во тај-брејкот, Андерсон губеше со 1:3, но на крајот победи со 12:10 при четвртата меч топка.

Кевин Андерсон запиша 13 асови и не му даде шанса на својот ривал да направи брејк. Тој ја прослави својата прва победа на АТП финалниот турнир на роденденот на неговата сопруга, Келси О’Нил.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2018 02:16