Себастијан Фетел изјави дека немало проблеми да го пушти Кими Раиконен пред себе за време на Гран При на Бразил, откако доби наредба од тимот да го направи тоа.

Трката беше „кошмарна“ за Германецот, кој беше сметан за фаворит, но остана само шестти и ја оцени трката во Сао Паоло со единица на скала од 10.

– Се беше нормално. Кими имаше подобри гуми, додека јас така и не можев да го поминам Валтери. Затоа тимот ме замоли да го пуштам Кими, што го направив без проблеми. Мило ми е што потоа успеа да стигне до подиумот, рече Фетел.

За пилотот на Ферари ова беше вториот најлош резултат во завршена трка, по осмата позиција во Кина.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 00:34