Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успешно го почна последниот Мастерс турнир за оваа сезона. Србинот синоќа го совлада Џон Изнер од САД со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.

– Добро сум подготвен физички и ментално, а и распоредот на мечевите на турнирот дава можност да се одмориме меѓу два натпревара, изјави Ѓоковиќ.

На првиот натпревар во А-групата Александер Зверев (Германија) го победи Марин Чилиќ (Хрватска) во два сета на тај-брејк.

Денеска во „О2 Арена“ во Лондон на програмата се мечевите од 2.коло во Б-групата: Кевин Андерсон – Кеи Нишикори Роџер Федерер – Доминик Тим.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/11/2018 09:22