САД од фирмата Локид Мартин купуваат 225 авиони ловци Ф-35, со вкупна цена од 22,7 милијарди долари, соопшти американското Министерство за одбрана.

Од тоа, 105 се борбени авиони наменети за американската војска – 64 авиони од типот Ф-35А за воздухопловните сили, а 26 авиони од типот Ф-35Б и 16 од типот Ф-35 Ц за морнарицата.

Американското Министерство за одбрана сооопшти дека преостанатите 89 авиони се наменети за независни купувачи надвор од надлежностите на Министерството и 60 се за странски војски.

Локин Мартин, компанијата која е голем снабдувач на Пентагон, ќе добие аванс од шест милијарди долари, а рокот за испорака е март 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2018 10:41