Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ синоќа во „О2“ арената во Лондон го победи Американецот Џон Изнер и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето.
Претходно, на првиот меч од А-групата, Ѓоковиќ го совлада Александер Зверев и си обезбеди место меѓу четирите најдобри.
Резултати: Ѓоковиќ – Зверев 2-0 (6:4 и 6:1) Чилиќ – Изнер 2-1 (6:7,6:3 и 6:4).
Денеска на последниот Мастерс за оваа сезона на распоредот се натпреварите од 3.коло во Б-групата: Кеи Нишикори – Доминик Тим Роџер Федерер – Кевин Андерсон.
Табела А-група: Ѓоковиќ 2 бода, Зверев 1, Чилиќ 1, Изнер 0.
Табела Б-група: Андерсон 2, Нишикори 1, Федерер 1, Тим 0